Шок за Германците: Асот на Баерн Минхен го повреди коленото

Германија ќе биде сериозно ослабена на премиерниот дуел од СП 2022 откако Лирој Сане отпадна од комбинација за настап на утрешниот меч против Јапонија.

Асот на Баерн Минхен веќе извесно време влече незгодна повреда, но селекторот Флик се надеваше дека лекарите ќе можат да го оспособат за дуелот со Јапонците. За жал, ситуацијата во меѓувреме се влоши, Сане синоќа не тренираше, по што Германската Фудбалска Федерација денеска и официјално објави дека тој нема да биде во комбинација за настап против Јапонија.

Во текот на денешниот ден ќе бидат извршени нови детални прегледи, по што ќе стане јасно колку е сериозна повредата и дали Сане воопшто ќе може да настапи за Германија во текот на групната фаза.

Се вчитува...