Шок за Холандија: Најдобриот стрелец има срцева болест, го пропушта ЕП во јануари

Шокантна информација пристигнува од германската ракометна јавност, откако десниот бек на Фленсбург и на холандската репрезентација, Каи Смитс, ќе мора да отсуствува подолг период од терените поради срцева болест.

Тој не настапи на вчерашниот дуел со Гепинген, а од лекарскиот тим на Фленсбург обелоденија дека извонредниот стрелец не е повреден, туку има проблеми со работата на срцето.

„Каи се пожали на болка во градите по што му беа извршени детални прегледи. Утврдено е дека има инфекција на срцето, еден вид на субакутен миокардитис“, изјави тимскиот дотор Торстен Ахнсел.

Паузата дефинитивно нема да биде кратка, откако за шест седмици се закажани нови прегледи за да се утврди дали состојбата на леворакиот бомбардер е подобрена. Дури тогаш тој би можел да добие зелено светло за враќање на тренинзи, нешто подоцна и на натпревари, но веќе е јасно дека Смитс нема да може да настапи за холандската репрезентација на претстојното ЕП 2024 што следниот месец ќе се одржи во Германија.

Се вчитува...