Иван Перишиќ нема да биде дел од тимот на Хрватска во осминафиналето на Европското првенство против Шпанија, откако искусниот фудбалер е позитивен на коронавирус.
Лекарската служба на репрезентацијата го изолираше Перишиќ од другите членови на репрезентацијата. Тој ќе помине десет дена во самоизолација и дефинитивно само доколку Хрватска не се пласира во финалето за него овој шампионат е завршен.
Сите останати репрезентативци и членови на стручниот штаб се негативни на коронавирус. Хрватска натпреварот против Шпанија го игра во понеделник во Копенхаген.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА