Интер губи уште еден многу значаен фудбалер, откако Милан Шкринијар донесе одлука да си замине од клубот и да се пресели во францускиот гигант ПСЖ. За трагедијата за „нероаѕурите“ даа биде уште поголема, словачкиот ас си оди како слободен играч, по завршувањето на сезонава и истекот на договорот што го има со Интер, по што станува јасно дека управата на италијанскиот гигант одигра многу лошо во изминатите 12 месеци кога станува збор за Шкринијар.
Имено, ПСЖ повеќе од една година го следеше овој фудбалер, испраќајќи неколку официјални понуди со Интер. Италијанскиот клуб инсистираше на 70 милиони евра иако Словакот се приближуваше до истекот на договорот, минатото лето одбивајќи 55 милиони евра за својот најдобар дефанзивец
„Нероаѕурите“ беа оптимисти дека ќе го убедат Шкринијар да потпише нов договор, но не ги прифатија ниту условите што овој фудбалер ги побара од нив, по што тој се согласил на преселба во ПСЖ. Сите детали од петгодишниот договор меѓу францускиот гигант и Шкринијар се веќе договорени и се очекува тој да го заземе местото во тимот на Серхио Рамос, кој на крајот од сезонава ќе си замине до „Паркот на принцовите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА