Италијанската скијачка Елена Фанчини нема да може да настапи на Зимските Олимписки Игри во Пјонгчанг. Разлогот е шокантен за неа и нејзиното семејство, затоа што и е дијагностициран тумор на задолжителните прегледи во клиниката во Бергамо.
„Сакаме Елена да знае дека ја има нашата поддршка во овие тешки моменти за неа и нејзиното семејство. Ќе ја има наша помош и го чекаме нејзиното враќање на скијачките патеки“, соопштија од Скијачката федерација на Италија.
Скијачката сега е пред животен предизвик, но храбро ќе влезе во битка за своето здравје.
„Секој се соочува со потешки пероди во животот. Сите сме биле на искушение. Не ми е лесно, но веќе го прифатив новиот предизвик. Верувам дека ќе се вратам уште посилна, иако не е лесно да дознаеш дека пред се имаш здравствени проблеми, а потоа и дека нема да учествуваш на Олимписки Игри, кои се сон на секој спортист“, истакна Фанчини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА