Шок за Лајпциг: Најдобриот фудбалер поднесе барање за трансфер

Раководството на Лајпциг се соочи со нов огромен проблем откако најдобриот фудбалер на оваа екипа, Чави Симонс, донесе одлука да си замине од клубот и поднесе барање за трансфер.

Симонс настапуваше за Лајпциг како позајмен играч од ПСЖ, а интересно е што германскиот клуб пред нецела година издвои рекордни 80 милиони евра за целосно да го откупи неговиот договор. Токму тогаш и почнаа проблемите, Симонс најпрвин влезе во конфликт со тренерот Росе, а по неговото заминување и со неколку соиграчи, како и со клупските директори поради неисполнувањето на пропишаните обврски.

Токму на Холанѓанецот се гледаше како на главен виновник за катастрофалниот финиш на сезоната поради кој Лајпциг остана без место во ЛШ за следната сезона. Иронично, тој сега ја наведува токму желбата да заигра во Лигата на Шампионите како главна причина поради која инсистира на трансфер.

Лајпциг ќе бара најмалку 70 милиони евра за својот најдобар фудбалер, а барем засега како единствени опции се споменуваат Баерн Минхен и Манчестер Сити.

Се вчитува...