Најдобриот играч на Лос Анџелес Лејкерс и водечкиот стрелец во НБА Лука Донќиќ, заработи повреда на тетивата од втор степен за време на вчерашниот натпревар против Оклахома Сити Тандер.
Според првите прогнози, тоа би значело дека Дончиќ ќе биде во аут од четири до шест недели. Д-р Џеси Морс, експерт за спортски повреди, по повод овој настан објави:
„Дончиќ може да се врати за три недели во најдобар случај, но пореално е да се очекува тоа да биде четири до шест недели. Со оглед на тоа што плејофот започнува за две недели, тоа значи дека тој ги пропушта сите натпревари до крајот на регуларната сезона и првото коло од плејофот. Можеби ќе се врати на крајот од серијата, но со ограничени минути.“
Лејкерси доцна синоќа објавија дека магнетната резонанца ја открила сериозноста на повредата што нивниот ас ја претрпе за време на убедливиот пораз на Лејкерси во Оклахома Сити од актуелните шампиони во лигата.
Лејкерс има уште пет мечеви до плеј-офот, и ќе мора да ги играат без својот најдобар стрелец.
Повеќе извори велат дека Дончиќ е во опасност да се пласира и во втората рунда од плејофот. Тоа, секако, ако Лејкерси го поминат првото коло без својот најдобар играч досега. Истегнувањата на тетивата од втор степен бараат неколку недели закрепнување, но Дончиќ има искуство со проблеми со тетивата. Тој пропушти четири натпревари непосредно пред паузата за Ол-стар натпреварите поради уште едно истегнување на левиот тетива, но се врати во поставата по паузата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

