Иднината на Коби Мајно, младиот дефанзивец на Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ е неизвесна, откако не напредуваат преговорите за нов договор. Згора на тоа, самиот фудбалер изразил желба да настапува во клуб кој игра во Лигата на шампионите, па може многу лесно да дојде до разделба.
20-годишникот исто така не е задоволен од својата минутажа, па е подготвен да ги разгледа понудите од другите клубови, кои играат во Лигата на шампионите.
Десет клубови веројатно покажаа интерес за Мајно, а Манчестер Јунјатед сега треба да одлучи дали ќе го пушти на позајмица, или ќе дозволи перманентен трансфер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

