Шок за Манчестер Сити: Брентфорд со три бода си оди од „Етихад“ (ВИДЕО)

Манчестер Сити направи голем кикс во битката за првото место, откако денеска загуби со 1-2 од Брентфорд. Победничкиот гол беше постигнат во 98. минута, откако Сити тргна на се или ништо во овој меч, а противнападот на гостите даде плод.

Ајван Тони е херој на овој натпревар со два постигнати гола. Првиот го постигна во 16. минута и го донесе Брентфорд во водство. Израмни Фоден во првата минута од судиското надополнување во првиот дел.

Во вториот дел Манчестер Сити се изнапромашува и тешко го ноаѓаше патот до голот, и покрај тоа што Сити играше и со Халанд, и со Алварез и со Де Брујне. Меѓутоа Тони во 98. минута после една убиствена контра, успеа да донесе големи три бода од ова гостување.

Се вчитува...