Мароканскиот репрезентативец Амине Харит, кој игра за Олимпик Марсеј, нема да патува на Мундијалот во Катар. Напаѓачот синоќа доживеа тешка повреда на гостувањето кај Монако, откако ги скина лигаментите на коленото, и го чека пауза до крајот на сезоната.
Харит се најде на листата на мароканската репрезентација за во Катар, и требаше да биде еден од адутите за добар резултат, но ја имаше таа несреќа да доживее тешка повреда.
Инаку вчера беше лош ден за учесниците на Мундијалот. Така и голманот на Полска, Бартоломеј Драговски ја скрши ногата, и нема да патува во Катар со репрезентацијата на Полска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА