Шок за Милвоки, Лилард има потрес на мозокот

Кошаркарот на Милвоки Бакс, Демијан Лилард, нема да настапи на претстојниот натпревар против Торонто во НБА лигата, бидејќи е ставен во медицинскиот протокол поради потрес на мозокот. Милвоки ќе го пречека Торонто Репторс ноќта помеѓу вторник и среда. 

Лилард има просек од 26 поени, 6,6 скока и 4,6 асистенции. Претходно Бакс останаа и без Крис Мидлтон, кој имаше операција на зглобовите.

Натпреварот меѓу Милвоки и Торонто е дуел на најлошите тимови во оваа сезона. Бакси имаат две победи и осум порази, додеак Репторс две победи и девет порази, од кои четири порази во низа.

Се вчитува...