Шок за Мурињо: Со неговиот Фенербахче дома загуби од вечниот ривал Галатасарај (ВИДЕО)

Галатасарај по вторпат во историјата стартува со шест победи од шест натпревари во турската Супер-Лига. Вечерва го доби оној најважниот, против Фенербахче и тоа на негов терен.

Навивачите на Фенер сигурно нема да му го простат ова на Мурињо, а Галата на крај славеше со 1-3.

Ливаковиќ во 20. минута од средбата со автогол го отвори резултатот, а Мертенс осум минути подоцна зголеми на 0-2. Габриел Сара во 60. минута донесе и 0-3 за гостите, а Џеко од пенал само намали.

Ако не беше Ливаковиќ, катастрофата на Фенер можеше да биде и поголема, со оглед на неколкуте шанси кои Галата ги имаше во финишот од мечот.

Се вчитува...