Селекторот на Бразил, Тите го привлече вниманието на јавноста откако го објави списокот од 26 фудбалери на кои ќе смета за пријателските натпревари со Тунис и Гана во втората половина од септември.
Сите се шокираа кога видоа дека на списокот немаше место за Габриел Хесус кој игра во фантастична форма на почетокот од сезоната во Арсенал. На списокот ги нема и Кутињо и Дани Алвес, меѓутоа за нив и не е толку големо изненадување затоа што не се во најдобрата форма.
За Бразил овие две средби ќе бидат последни пред Мундијалто во Катар. Тоа не значи дека сигурно овие играчи ќе бидат оние на кои ќе смета Тите во Катар. На Мундијалот во 2018 година направи дури пет измени во однос на прехтодниот последен список.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА