Шок за Наполи: Инсиње на трансфер-листа, позната и почетната сума за преговори

Наполи би можел да остане без својот најдобар фудбалер летово откако Лоренцо Инсиње останува цврст на ставот да не потпише нов договор со овој клуб. Актуелниот договор на капитенот на „наполитанците“ истекува наредното лето, а претседателот Де Лаурентис најавува дека нема намера да му дозволи тогаш да си замине бесплатно.

Наместо тоа, Инсиње ќе биде продаден во текот на овој преоден рок, а аукцијата за заинтересираните клубови ќе почне од 25 милиони евра.

„Ставот на Де Лаурентис е идентичен како и многу пати досега, сите фудбалери се важни, но никој не е незаменлив. Истото се однесува и на Инсиње, кој ќе биде продаден летово. Почетната сума е 25 милиони евра, но во Наполи се надеваат на повисока отштета за капитенот“, пишува тиражниот весник „Газета дело спорт“ во своето денешно издание.

Се вчитува...