Италијанската полиција и властите на градот Милан им забранија на навивачите на Црвена Звезда да ги посетат натпреварите што нивниот клуб ќе ги одигра против Интер на 1 октомври и Милан на 11 декември во Лигата на шампионите. Ваквата одлука Италијанците ја донесоа откако оценија дека доаѓањето на голем број навивачи на Звезда во земјава ќе значи огромен безбедносен ризик поради жестоките судири што „Делии“ ги имаше со навивачите на Рома минатата година.
На почетокот на февруари еден навивач на Звезда ги пресретнал кај Олимпико и ги претепал и го зел транспарентот на една од ударните групи Федајн. Тогаш тоа и останатите транспаренти кои им биле украдени биле запалени на натпревар во Белград со порака. Имено, навивачите на Динамо Загреб имаат добри односи со навивачите на Рома. Навивачите на Рома и се одмаздија на „Делии“ на кошаркарскиот натпревар на Звезда во Болоња.
Околу 4.000 навивачи на Звезда од Србија и странство се подготвуваа за натпреварот против Интер, а голем дел од нив веќе купиле билети. Српскиот шампион ја објави забраната преку соопштение:
„Црвена Звезда апелира до сите навивачи да не патуваат на истакнати натпревари, бидејќи нема да биде дозволен влез, како и собири. Одлуката се однесува на навивачите кои живеат во Србија, но и на сите останати европските земји“, стои во соопштението.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА