Бразилската инвестициска компанија ДИС побарала затворска казна до пет години и парична каза до 195 милиони евра за бразилскиот фудбалер Нејмар поради наводни измами и корупција.
Компанијата ДИС поднела тужба против Нејмар, неговите родители, Барселона, Сантос и поранешните претседатели на Барселона Бартомеу и Расел, како и некогашниот прв човек на Сантос Одили Родгирез.
Оваа компанија поседувала 40% од правата на Нејмар додека играл за Сантос. Од ДИС тврдат дека продажбата на Нејмар во 2013 година била значително под пазарната вредност на фудбалерот.
„Правата на Нејмар не се продадени на најдобриот понудувач. Имаше клубови кои нудеа и до 60 милиони евра“, рече адвокатот на компанијата.
Барселона во 2013 година објави дека трансферот на Нејмар изнесувал 57,1 милион евра, од кои 40 се уплатени на семејствоот на бразилскиот фудбалер. На компанијата и припаднале 40% од останатите 17,1 милион евра колку што му биле дадени на Сантос.
Националниот суд на Шпанија со овој случај почнал да се занимава во 2016 година, но оптужбите биле одбиени поради недостаток на докази. ДИС поднела жалба за преиспитување на случајот поради тврдење дека најголемиот дел од сумата бил скриен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА