ШОК за охриѓани со неверојатна казна: Поради инцидентот на „Комитите“, МВР го казни Охрид со 19.500 евра!

Со неверојатна сума од вкупни 19.500 евра, досега највисока парична казна во историјата кога е во прашање македонскиот спорт, второлигашот ГФК Охрид е казнат од СВР-Охрид поради инцидентите предизвикани од вардаровата навивачка група „Комитите“, за време на второлигашкиот натпревар меѓу Охрид и Вардар на СРЦ „Билјанини извори“.

Раководството на охриѓани доби вкупно шест прекршочни казни од локалната единица на МВР, три во висина од по 5.000 евра и три по 1.500 евра, поделени за правниот субјект, претседателот и секретарот на клубот како одговорно лице, што е вистински преседан кога е во прашање македонскиот спорт.

Од раководството на ГФК Охрид се вчудоневедидени од висината на казната, која е незамислива буквално за сите домашни фудбалски работници.

Уште позачудувачки, прекршочните казни се крајно неразбирливи со смешни измислени прекршоци за наводно ‘немање соодветна безбедносна проценка’ од страна на организаторите на натпреварот.

Според охриѓани овој вид на казни единствено водат во насока на затворање на вратите на клубовите во иднина за сите гостински навивачи, но и практичен стоп за вложување во спортските колективи. На натпреварот меѓу Охрид и Вардар на СРЦ „Билјанини извори“ по подолго време за првпат беше забележана вистинска фудбалска атмосфера пред околу 6.000 навивачи. Сега останува единствена опција, со вакви казни, од фудбалските терени да се бркаат и онака малкуте присутни навивачи.

Се вчитува...