Европската куќа на фудбалот УЕФА парично го казни српскиот тим Партизан, а му го затвори и пола стадион на слендиот меч на европска сцена.
Причината е поради испадите на навивачите на реванш натпреварот во Лигата на Конференции против Сабах, кој српските „црно-бели“ го добија со 2-0, а потоа преку пеналите успеаја да изборат пласман во плеј-офот.
Партизан е казнет со 70.000 евра, а исто така е затворен дел од трибината за 17.000 места. Тоа значи дека на следниот дуел во Лигата на конференции на стадионот може да има максимум 12.000 гледачи.
Партизан во плеј-офот во ЛК игра против дански Нордсјиланд. Првиот меч го игра како гостин на 24. август, а реваншот е на 31. август во Белград.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА