Шокатни вести доаѓаат од германскиот Оберздорф каде на програмата е Светското првенство во нордиски спортови. Водечкиот во сезоната во Светскиот куп во ски-скокови, Норвежанецот, Халвор Егнер Гранеруд е позитивен на коронавирус, поради што ќе мора да го пропушти натпреварувањето на големата скокалница во германскиот ски-центар.
Гранеруд иако беше прв фаворит и на малата скокалница, на крајот го освои само четвртото место, а сега поради позитивниот ковид тест нема да може да настапи и на големата скокалница, натпреварување кое на програмата е на 5. март.
Der norwegische Skisprungstar Halvor Egner Granerud ist bei der Nordischen Ski-WM in Oberstdorf positiv auf das Coronavirus getestet worden. Für den Topfavoriten endet die WM in der Isolation. Gute Besserung. pic.twitter.com/AEh6aLvlkY
— BR24Sport (@BR24sport) March 3, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА