Шок за ПСВ: Ван Нистелрој си се спакувал и си заминал!

Легендата на холандскиот фудбал, Руд Ван Нистелрој неочекувано денеска заминал од клупата на ПСВ Ајндховен која ја презеде на почетокот на оваа сезона.

Ван Нистелрој имаше навистина добри резултати со тимот освојувајќи го Купот и Суперкупот на Холандија, а е блиску и до пласман во квалификациите за Лигата на шампионите.

Токму поради тоа за навивачите е шок веста дека нема да го води тимот на последниот лигашки меч против Аз Алкмар во недела.

Според информациите од Холандија, Руд имал недоразбирања со раководството на клубот. Од клубот му рекле дека за неговиот статус ќе се разговара по мечот со АЗ Алкмар, што не му се допаднало на поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед и Реал Мадрид, па денеска го известил клубот дека си заминува од клубот. Тимот сега од клупата на последниот меч во сезоната ќе го води Фред Рутен.

Се вчитува...