Шок за ПСЖ, пропадна трансферот на Коло Муани!

Иако Коло Муани веќе пристигна во Париз и чекаше на трансфер во ПСЖ, сепак, тој нема да се случи. Во последен миг пропадна трансферот на напаѓачот во францускиот првак, соопшти „Кикер“.

Франузите ја зголемија понудата на 90 милиони евра, и тоа му одговараше на Ајнтрахт. Меѓутоа проблемот за германскиот тим беше да ја најде неговата замена. Предложениот Уго Екитике од ПСЖ се покажа како прескап за Ајнтрахт со цифрата за отштета и за плата.

И Себастиен Халер беше една од опциите за замена за Муани, но Борусија Дортмунд откажа да го продаде.

Муани во последните денови не тренираше со Ајнтрахт во исчекување на трансферот, но сега до него нема да дојде, и најмалку до зима ќе остане дел од тимот од Франкфурт.

Се вчитува...