По сензационалната победа над Лемго во Бундес-лигата, Рајн Некар Левен неочекувано беше поразен на домашен терен од унгарскиот ПИК Сегед со 35-37, во натпреварот од 11.коло во А групата од Лигата на шампионите. Германскиот првак во чиј состав настапува македонскиот репрезентативец Филип Талески, и со поразот останува на четвртото место во групата зад Вардар, Нант и Барселона, а ПИК Сегед е петти со еден бод помалку од Рајн Некар Левен.
ПИК Сегед добро го отвори мечот и во првите минути од средбата одржуваше минимална предност. Потоа контролата на играта и водството ги презеде Рајн Некар Левен кој со серија од 6-0 стигна и до највисока предност од четири гола (10-6), а на полувремето имаше преднсот од 17-15.
Но, унгарскиот тим во второто полувреме успеа да направи комплетен пресврт. Последното изедначување беше на 30-30, сепак, во завршните минути гостите беа поумешни и на крај славеа важна победа со конечните 35-37.
Иван Сршшен со седум гола го предводеше ПИК Сегед во триумфот. Кај Рајн Некар Левен најефикасен беше Мадс менсах Ларсен со осум гола. Фили Талески на овој натпревар не се запиша во листата на стрелците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА