Еден од најбараните играчи во моментов во светот Флоријан Вирц, најверојатно ќе се пресели во Баерн Минхен. Тоа била негова желба, и тоа му го соопштил на тренерот Чаби Алонсо, кој сакаше да го однесе со него во Мадрид.
Претходно беше објавено дека тимот од Минхен е многу блиску до договор, но потоа се појави информација дека Чаби Алонсо ќе инсистира силно Вирц да замине со него во таборот на „кралевите“.
За 22-годишниот фудбалер Баерн наводно понудил 250 милиони евра, 125 милиони отштета за Леверкузен, и уште 125 за него за следните пет години.
Оваа сезона Вирц одигра 43 меча, постигна 16 голови и запиша 12 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

