Шок за Реал – Зидан си замина од „Сантијаго Бернабеу“

Зинедин Зидан повеќе не е тренер на Реал Мадрид откако денеска си поднесе оставка од оваа функција. Неколку дена по освојувањето на новата европска круна погледите беа насочени кон статусот и иднината на Кристијано Роналдо и Герет Бејл, но Зидан по вчерашниот состанок со претседателот Флорентино Перез донесе шокантна одлука – да си замине од „Сантијаго Бернабеу“.

Зинедин Зидан ќе остане запаметен како еден од најтрофејните тренери во историјата на овој клуб. Тој дојде на клупата на Реал на местото на Рафа Бенитез во јануари 2016 година и три сезони по ред го водеше „кралскиот клуб“ до трофејот во Лигата на шампионите, а освои и два пехари на клупските мундијали и од Супер-купот на Европа, како и една титула шампион на Шпанија.

Се вчитува...