Шок за Роналдо: Го пропушта првиот натпревар од Мундијалот идната година!?

Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо, би можел да го пропушти почетокот на Светското првенство 2026 година откако беше исклучен на натпреварот со Ирска од 2-0. 40-годишниот играч го доби првиот црвен картон во репрезентаивната кариера, поради удар со лакот во грб на противнички играч.

Роналдо дефинитивно ќе го пропушти последниот натпревар од квалификациите против Ерменија на 16. ноември, меѓутоа лошата вест е што Кристијано со овој црвен картон би можел да добие подолга суспензија.

ФИФА ќе го разгледува случајот, а се стравува дека Роналдо би можел да добие 2-3 меча суспензија. Тоа би значело дека можеби да го пропушти првиот меч од Мундијалот кој идната година ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.

 

Се вчитува...