Шок за САД: Бајлс се откажа од индивидуалното финале

Американците однапред си ги броеја медалите на Симон Бајлс како сигурна работа со оглед на доминацијата на извонредната гимнастичарка. Токму затоа, сега шокот е огромен откако Бајлс реши да не настапи на индивидуалното финале во повеќебој закажано за утре, на кое Американката требаше да го брани златото освоено пред пет години во Рио.

Ова следи откако тааа вчера го прекина настапот во екипна конкуренција по само една дисциплина. Веднаш беше ставено до знаење дека Бајлс не е повредена, туку се чувствува ментално исцрпена, Американката најави дека би требало да биде подготвена за индивидуалниот настап, но утрово стигна информацијата дека Бајлс дефинитино нема да се појави до крајот на Игрите во Токио.

„По детални медицински евалуации, Симон Бајлс се откажа од настапот на финалето во повеќебој. Ние ја поддржуваме оваа одлука, здравјето е најважен приоритет. Нејзината храброт да донесе ваква одлука е доказ зошто Бајлс е идол на толку многу млади луѓе“, објави американската гимнастичарска репрезентација.

Се вчитува...