Шок за Салах и Египет среде Каиро, елиминиран и Камерун

Денешните осминафинални пресметки од Купот на Африканските Нации го донесоа и најголемото изненадување, откако домаќинот Египет беше поразен на преполниот стадион во Каиро од Јужна Африка со 0-1. Мохамед Салах и соиграчите одиграа под своите можности, тешко создаваа шанси за гол, па на крајот беа казнети кога Лорч во 85. минута го најде патот до мрежата на „фараоните“.

Елиминација од натамошната борба за тронот денеска доживеа и бранителот на трофејот, Камерун, кој загуби со 2-3 во пресметката со Нигерија. Камерунците на полувреме имаа предност од 2-1, но Игало и Ивоби со два гола донесоа пресврт и ги однесоа Нигеријците во четвртфиналето, каде оваа селекција ќе се сретне со Јужна Африка.

Се вчитува...