Шок за Шкендија на стартот: Спировски донесе предност за Пелистер (ВИДЕО)

Шкендија има негатива од 0-1 од 7. минута, откако Стефан Спировски успеа да донесе водство за Пелистер на ова тешко гостување.

Гостите од Битола го изведоа вториот корнер, а топката се одби од Ајетовиќ, стигна до Спировски, и овој стрела во мрежата. Иако судиите првично досудија офсајд, сепак, по преглед на ВАР снимката, одлучено е голот да важи, со оглед дека топката од Ајетовиќ дојде до играчот на гостите.

Веднаш после голот, Љатифи ја погоди пречката со шут од 25 метри.

 

Се вчитува...