Шок за Шкендија: Пелистер стигна до победа во Тетово! (ВИДЕО)

Шкендија прави огромен „кикс“ во битката за титулата, а Пелистер успева да освои важни три бода за опстанокот. Битолскиот тим сензационално успеа да победи со 1-2 на ова тешко гостување, давајќи му голема шанса на Вардар да избегаат на првото место на табелата.

Ибраими уште во 9. минута имаше шанса, но не реализираше. Во 36. минута предност за Пелистер. По долга акција, Булатовиќ асистира одлично до Спировски, кој од прва носи предност за битолскиот тим.

Сепак, радоста траеше само осум минути. Во 44. минута Зејнулаи асистира до Ибраими на левата страна, а овој со левата нога стрелаше во малата мрежа за израмнување.

Андреј Јовчевски беше апсолутен херој на битолскот тим, откако му ги одбрани двата обида на Тамба. Ибраими промаши две големи шанси за ново водство, а потоа следуваше казна.

Се играше 92. минута кога нововлезениот Керим доби топка и елегантно од десната страна го совлада Гаје за предност и за голема победа на Пелистер.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...