Шок за Шкендија уште на стартот од сезоната: Рамадани паузира 4-6 недели

На првиот меч на гостувањето во Охрид, Шкендија со многу мака ја совлада екипата на новиот прволигаш Воска Спорт со 0-1, со гол постигнат во последните мигови до мечот преку Аганспахиќ.

Победата во 1. коло Шкендија ја „плати“ со повреда на Флорент Рамадани. Играчот од средниот ред го чека пауза од четири до шест недели, објави тетовскиот тим.

Рамадани има скршеница на тибијата, и потребни е сега да мирува, што значи дека ако се биде како што треба, тогаш би можел да се врати најрано до средината на септември, или почетокот на октомври.

Се вчитува...