Швајцарската репрезенација е во паника, откако би можеле да останат без првиот голман на Мундијалот во Катар. Јан Зомер вчера заработи повреда на скочниот зглоб за време на натпреварот на неговата Борусија Менхенгладбах против Дармштад. Тој при еден скок незгодно згазна, по што настрада неговиот скочен зглоб.
Зомер, кој воедно е и капитен на Швајцарија, мораше да го напушти предвреме теренот, со болна гримаса на лицето. И натаму не е познато колку ќе паузира и дали неговиот настап е под знак прашалник. Доколку не може да настапи, тоа би било тежок удар за селекцијата на Мурат Јакин, со оглед дека Зомер беше еден од клучните за успехот на Швајцарија на минатото Европско првенство.
Зомер има 76 настапи за Швајцарија, која на Мундијалот е во групата со Камерун, Бразил и Србија. Доколку не може, тогаш се очекува неговото место да го заземе Грегор Кобел од Борусија Дортмунд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА