Пеп Гвардиола на крајот од сезоната заминува од редовите на Манчестер сити, пренесуваат англиските медиуми.
Гвардиола и сезонава сака да ја освои Премиерлигата со Сити, што би му било 12-ти трофеј во последните 15 сезони како менаџер, па потоа да се раздели со клубот од Манчестер.
Во сите натпреварувања Гвардиола го водеше клубот до одлични 15 титули во осум години колку што досега е тренер на Сити.
Неговиот моментелен договор со тимот од Етихад истекува на крајот од сезоната, а клубот моментално се наоѓа во проблеми поради 115 обвиненија врзани за финансискиот фер-плеј.
Од Шпанија, пак, стигнуваат вести дека Гвардиола веќе е пред договор за нов предизвик. Според најавите ќе биде нов селектор на Англија. По заминувањето на Герет Саутгејт, моментално селекторскиот ангажман го извршува Ли Карсли, но јасно е дека Фудбалската асоцијација на Англија нов предводеник на националниот тим.
Во Манчестер сити се надеваат дека ќе го убедат Гвардиола да потпише нов догово, но Шпанците тврдат дека веќе ја донел одлуката да замине и да ја преземе селекторската функција на Англија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА