Манчестер Сити ја почна новата сезона со трофеј во Суперкупот на Европа и две победи на стартот од Премиер-лигата, но „граѓаните“ сега ќе мора да се снаоѓаат без помошта на Пеп Гвардиола.
Актуелниот англиски шампион објави дека Гвардиола бил успешно опериран во клиника во Барселона, откако во последните денови се жалел на силна болка во грбот. Операцијата минала без проблеми, но Пеп ќе мора да остане во Каталонија за да ја мине рехабилитациската програма.
Ова значи дека тој дефинитивно нема да биде на клупата на Сити за претстојните натпревари со Шефилд Јунајтед и со Фулам, а неговото враќање во Манчестер се очекува за време на репрезентативната пауза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

