Чики Бегиристаин, спортскиот директор на Манчестер Сити кој е креатор на сите најголеми успеси на екипата во последните години, на крајот од сезоната си заминува од клубот.
Шпанецот цели 13 години е дел од тимот, и беше креатор на екипата која лани ја освои Лигата на шампионите, а тимот освојуваше и титули во Премиерлигата, како и трофејот во Супер-Купот на УЕФА и стана светски првак.
Неофицијално, причината е судењето против клубот и 115-те обвиненија против Сити. Некои информации зборуваат дека Беригирстеин заминува во пензија.
❌ ¡Txiki Begiristain dejará el City!
🔚 Según The Athletic, el director deportivo del club ‘citizen’, el más laureado de la historia, tiene decidido marcharse a final de temporada, lo que anticipa todo un corrimiento de tierras en el Etihadhttps://t.co/qUAF26t9YH
— Diario AS (@diarioas) October 8, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА