Шок за Србија: Борач суспендиран на шест години

Хетик Цаболов, борачот кој настапува под знамето на Србија, е суспендиран на шест години. Светската боречка федерација му изрече казна, забрана за настап до 27 јуни 2030 година.

Како причина за казната се наведува „избегнување, одбивање или непостоење да се обезбеди примерок за антидопинг тестирање“.

Цаболов го направил прекршокот во април, но му беше дозволено да се натпреварува на Олимпијадата во Париз. Таму во категоријата до 74 килограми го освои петтото место, а млку му недостасуваше да стигне до бронза.

Цаболов се натпреварува за Србија од 2021 година, а освои брозна на СП и бронза на ЕП.

 

 

Се вчитува...