Никола Јокиќ нема да игра за Србија на претстојното Светско првенство. Ова го пишува реноминираниот американски магазин „Атлетик“ кој наведува дека за време на Мундобаскетот (од 25. август до 10. септември) српскиот центар ќе има семејни обврски и затоа нема да биде дел од репрезентацијата.
Според информациите, неговиот статус во српската репрезентација се уште е нејасен, па се чека неговата конечна одлука. Она што е јасно е дека Никола во овие моменти не размислува за толку далечна иднина, туку дека фокусот е да слави по освоената титула и да ужива со најблиските.
Иако призна дека веднаш ќе се врати во Сомбор за да ги гледа коњските трки, ќе мора да остане барем до четврток и до парадата која е најавена во Денвер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

