Шок за Србија: Синот на легендарниот кошаркар ќе игра за Грција

Србија очигледно ја  губи битката за талентираниот кошаркар Андреј Стојаковиќ, син на легендарниот Предраг Стојаковиќ. Веќе некое време се шпекулира дека Андреј бира помеѓу Србија, земјата од каде е неговиот татко, и Грција од каде е неговата мајка, а според пишувањата во Грција, веќе има одлучено.

Како стојат работите, веќе има одбрано да настапува за земјата на неговата мајка, Алека Камила. Ова го потврди и претседателот на кошаркарскиот сојуз на Грција.

„Ќе видиме… Навистина сакаме да игра за нашата репрезентација. Наскоро се ќе се знае. Имавме контакти, и добивме позитивни сигнали“, откри првиот човек на грчката кошарка Вангелис Лиолиос.

Се вчитува...