Со поразот на гостувањето кај Бенфика (4-3) во Лигата на шампионите, Јувентус ја загуби шансата да презими во елитното натпреварување.
Уште поголем проблем за Јувентус, но и за Србија е повредата на најдобриот фудбалер, Душан Влаховиќ кој во 70. минута мораше да го напушти теренот.
По натпреварот стигна информација дека Влаховиќ побарал измена затоа што почуствувал силна болка во бутот, па дополнителните медицински прегледи ќе покажат колку време ќе паузира Србинот.
Доколку се покаже дека повредата е посериозна, Влаховиќ нема да биде дел од својата репрезентација на Светското првенство во Катар кое почнува на 20. ноември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА