Српскиот напаѓач Лука Јовиќ, нема да биде пријавен на листата на фудбалери во Лигата на шампионите за Милан. Ова во секој случај е шокантна вест за Србинот, кој што се надеваше дека ќе игра главна улога во „росоњерите“, особено по заминувањето на Жиру.
Со оглед дека Милан ги ангажираше Мората и Ебрахам, за Србинот нема место во екипата, и тој ќе биде достапен само за натпреварите во Серија „А“ и Купот на Италија.
Како што е познато, секоја екипа на турнирот мора да пријави најмногу 25 фудбалери, а најмалку четворица од нив да бидат јуниори на клубот, а уште најмалку четири да бидат продукти на школите на други екипи од истата земја. Сепак, во тимот на Милан има премногу странци , а по потписот на англискиот напаѓач Тами Абрахам во последните часови од преодниот рок, клубот требаше да избере од кој играч ќе се откаже за натпреварите во Лигата на шампионите, и изборот падна на Јовиќ.
Jović Left Out of European Competitions 🚫⚽
As expected, Jović’s exclusion from European competitions has been confirmed. The Serbian forward will only be available for Serie A and Coppa Italia matches, at least until the second half of the season. This means he won’t be part… pic.twitter.com/nTYoCkDADf
— Milan Posts (@MilanPosts) September 4, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА