Шок за Црвена Звезда: Риера го суспендираше капитенот Катаи

Алберт Риера е решен да воведе дисциплина во Црвена Звезда, а цената прв би можел да ја плати капитенот на екипата, Александар Катаи.

Српскиот шампион во текот на вчерашниот ден преку соопштение објави дека искусниот голгетер е суспендиран на два натпревари, поради покажана недисциплина. Неофицијално, станува збор за претерана реакција на ветеранот по одлуката да биде заменет на еден од последните мечеви пред репрезентативната пауза.

Риера сета дека Катаи со таквото однесување се обидува да му го наруши авторитетот, па решил во старт да ја пресече ситуацијата изрекувајќи му санкција, како јасна порака до голгетерот, но и до остатокот од тимот дека неговите одлуки мора да се почитуваат без дополнителни коментари и реакции.

Катаи не настапи на последниот меч со Раднички, а се очекува тој да не биде во тимот ниту за претстојниот натпревар од Конференциската лига против Лугано.

Катаи досега има одиграно 328 средби за Црвена Звезда, притоа постигнувајќи 160 голови и 78 асистенции.

Се вчитува...