Шок за Тудор: Тотенхем без 12 играчи против шампионот

Гостувањето против Ливерпул е меч „да се биде или не“ за Игор Тудор, на кој убедлив пораз на Тотенхе ќе значи и речиси сигурен отказ за хрватскиот стратег.

Згора на тоа, Тудор се соочува со огромни проблеми откако на долгата листа отсустни играчи се приклучија уште неколку првотимци, па така Тотенхем ќе допатува на „Енфилд“ без дури 12 фудбалери.

Најнова главоболка е неиграњето на капитенот Ромеро и на протугалскиот репрезентативец Палиња, кои имаа тежок судир со главите во самиот финиш од гостувањето против Атлетико Мадрид во ЛШ. Згора на тоа, Ван де Вен е суспендиран поради црвен картон заработен пред неколку дена.

„Ромеро нема да биде тука, исто како и Палиња. Ван де Вен не може да ни помогне. Најлесно ќе биде да се плаче, но ние нема да го правиме тоа, ќе се обидеме да играме најдобро што знаеме“, порача Тудор.

На листата на повредени фудбалери покрај овие двајца фудбалери се наоѓаат уште и Кудус, Одобер, Бентнанкур, Бергвал, Удоги, Драгушин, Дејвис, Кулушевски и Медисон.

Се вчитува...