Шок за ветеранот: Барса нема да му го продолжи договорот на Дани Алвес

И покрај тоа што се чинеше дека ветеранот Дани Алвес ќе остане уште една сезона во Барселона, веројатно тоа нема да се случи. Според најновите најави од Шпанија, Барселона нема намера да му го продолжи договорот на Бразилецот, и тој на крајот ое месецов како слободен ќе си замине од клубот.

Алвес се врати во Барса пред седум месеци, и беше еден од заслужните за обезбедување на Лига на шампиони следната сезона. Тој осум години настапуваше во Барселона од 2008 до 2016 година, а потоа преку Јувентус, ПСЖ и Сао Паоло, се врати на „Ноу Камп“.

Се споменува враќање во Бразил, или завршување на кариерата за овој 39-годишен фудбалер. Барселона исто така ќе мора да се ослободи од неколку играчи, за да дојде до потписот на Роберт Левандовски. Следен пред заминување е Френки де Јонг кој е пред преселба во Јунајтед, а исто така во послендо време се шпекулира и со заминување на Џерард Пике.

Се вчитува...