Легендата на српската кошарка, Владе Дивац деновиве доживел вистински шок дознавајќи дека, без негово знаење, е вклучен во измама од свој близок пријател поради што и самиот може да заработи прекршочна пријава.
Зоран Милашиновиќ, пријател и деловен партнер на Владе Дивац, бил уапсен од српската полиција под сомнеж дека го фалсификувал потписот на Дивац и на тој начин неговиот стан од 450 м2 го ставил под хипотека за кредит кој потоа воопшто не го исплаќал.
„Уапсена е и службеничка од Краљево која го подготвила договорот. Дека неговиот стан е под хипотека Дивац дознал кога на неговата врата се појавила најпрво судска тужба со пријава, а потоа и извршители. Сето тоа откако Милашиновиќ воопшто не го враќал кредитот, бидејќи западнал во тешки финансиски проблеми. Банката ја активирала хипотеката а Дивац останал шокиран“ – пишува српски „Блиц“.
Милашиновиќ во Србија е познат како поранешен кошаркар, тренер, угледен спортски работник и наводно „успешен“ бизнисмен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА