Каков шок за Челси пред домашните навивачи во 18. коло од Премиерлигата. „Сините“ загубија од Фулам со 1-2 на „Стемфорд бриџ“ во крајно драматичен меч, со два гола примени во последните две минути.
„Боксинг деј“ не испадна среќен за „сините“ кои загубија и покрај тоа што имаа предност од 1-0 на „Стемфорд бриџ“ уште од 16. минута со голот на Палмер.
Но, Фулам успеа да дојде до 1-1 со погодокот на Вилсон во 82. минута од средбата, а потоа со голот на Родриго Муниз во петтата минута од судиското продолжение да дојде и до целосен пресврт од 1-2.
Затоа пак, Нотингем Форест ита кон врвот со триумфот од 1-0 против Тотенхем. Стрелец на голот вреден победа за домашните беше Еланга во 28. минута.
Најубедливата победа ја запиша Њукасл против Астон Вила од 3-0, а Вест Хем славеше на гостувањето против Саутемптон со 0-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА