ПСЖ доживеа шокантна елиминација во 1/16-финалето на Купот на Франција, по поразот на домашен терен од градскиот ривал Париз ФЦ со 0-1.
Се очекуваше лесна победа на ПСЖ против еден од послабите тимови во Лига 1, но на крај локалниот аутсајдер успеа со гол во второто полувреме да си обезбеди место во осминафиналето на најмасовното француско клупско натпреварување.
Стрелец на победничкиот гол за Париз ФЦ беше Џонатан Иконе во 74.минута од средбата.
Имаше ПСЖ две 100% шанси во судиското продолжение за израмнување, но противничкиот голман одлично реагираше носејќи го својот тим кон осминафиналето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

