Шокантна елиминација на САД од Панама, „луда прослава“ на стрелецот на голот со Тиери Анри (ВИДЕО)

Шокантна елиминација на селекцијата на САД во КОНКАКАФ Лигата на нациите и покрај тоа што важеше за еден од главните фаворити за освојување на ова натпреварување.

САД загуби од Панама со гол примен во самиот финиш. Иако репрезентацијата на Маурисио Покетино имаше целосна контрола врз играта, доживеа шокантна елиминација.

Американците преку Џош Сарџент постигнаа гол во 25. минута, но беше поништен поради офсајд. Имаа потоа уште многу шанси, но без реализација па казната следеше преку Сесилио Вотермен во 95. минута кој донесе на Панама историска победа.

Прославата на Вотермен беше посебен момент. Тој веднаш ја сподели својата радост со легендарниот Тиери Анри, кој беше присутен како стручен коментатор. Интересно, Вотермен пред мечот истакна дека Анри му е идол, а по завршувањето на натпреварот му го подари својот дрес. Француската легенда му вети дека ќе му врати со дрес од неговиот период во Арсенал.

По овој пораз, САД ќе се бори за третото место против Канада, додека Панама во финалето ќе игра со Мексико, кој славеше со 2-0 против Канада.

Се вчитува...