Шокантна елиминација на Зверев од Индијан Велс

Вториот тенисер во Светот, Германецот Александар Зверев, е поразен во второто коло на тенискиот Мастерс турнир во Индијан Велс, поразен од Холанѓанецот Талон Грикспур со 4:6, 7:6(5), 7:6(4) по три часа и седум минути игра.

Зверев, првиот носител на овој турнир, сервираше за мечот во вториот сет, но не успеа да направи брејк, а Грикспур го претекна во тај-брејкот од вториот сет за да изнуди решавачки сет. Во третиот сет Грикспур не успеа да реализира пет меч топки за 6-5, но на крајот го направи решавачкиот тајбрејк.

„Неверојатно сум горд. Тоа беше голема ментална битка до победата“, рече Грикспур по триумфот над Германецот.

Во следното коло продолжуваат и Мусети, Михелсен, Руне, Циципас, Филс, Медведев, Ватануки и Тиафо.

Се вчитува...