Шокантна исповед на Свен Горан Ериксон: Јас умирам!

Познатиот фудбалски тренер Свен-Горран Ериксон откри дека боледува од рак и дека наскоро ќе го напушти овој свет.

Тој откри дека во најлошото сценарио му останува уште една година живот.

„Сите знаат дека имам болест која не е добра. Сите претпоставуваат дека имам рак и се во право. Но, ќе се борам додека можам. Не можете да бидете целосно сигурни. Подобро е да не размислувате за тоа“, изјави Ериксон.

Ериксон беше тренер на Бенфика, Рома, Фиорентина, Сампдорија, Лацио, Манчестер Сити и Лестер. Беше селектор и на Англија, Мексико, Брегот на Слоновата Коска и Филипините, каде последниот селекторски ангажман го имаше во 2019 година. Најдобрите години од неговата кариера се поврзуваат со Серија А, а особено со Лацио, со кого освои седум трофеи, вклучувајќи ја и тројната круна во сезоната 1999-2000, како и Купот на победниците на куповите во претходната.

Се вчитува...