Поранешната НБА ѕвезда, Џон Вол кој во кариерата настапуваше за три различни тимови во најсилното кошаркарско првенство отворено говореше за најтешките моменти во животот во кои откри дека размислувал и за самоубиство.
Говорејќи на подкастот на поранешните кошаркари на Мајами Хит, Јудонес Хаслем и Мајк Милер, Вол ги откри црните мисли кои ги имал за време на пандемијата на Ковид-19.
„Менталното здравје е многу важно. Јас морав да одам на советување бидејќи доколку не беа моите два синови ќе се самоубиев. Два пати имав вперен пиштол во мојата глава. Многу луѓе меѓу кои и најблиските не знаеа за тоа во тој момент. Мислев да се самоубијам, но размислив. Човече ако го направам тоа ќе ги изневерам децата. Кој ќе се грижи за нив? Морам да бидам таму за нив“, изјави Вол.
Петкратниот Ол-стар кошаркар десет години беше дел од Вашингтон Визардс, помина и две сезони во Хјустон Роктс, а последниот настап во НБА лигата го имаше за Лос Анџелес Клиперс во сезоната 2022/23.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

