Вили Вебер, поранешниот менаџер на Михаел Шумахер, ја шокира јавноста со својата изјава од која може да се насети дека состојбата на легендарниот возач во Формула 1 не ветува многу.
Шумехер настрада во несреќата на скијање во француските Алпи во декември 2013 година, со месеци беше во кома, а за неговата сеостојба откако епрефрлен на семејниот имот во Швајцарија речиси нема никакви информации во јавноста. За сите што сепак, се надеваат на добри вести за здравствената состојба на шампионот, запрепастувачка беше изјавата на Вебер дека веќе го прежалил Шумахер.
„По долг период на оплакување, веќе го затворив тоа поглавје со Михаел. Инаку ќе полудев“ – изјави поранешниот менаџер на Михаел Шумахер.
Вебер се навраќа на времето кога со Михаел Шумахер беа блиски соработници и добри пријатели.
„Поминавме најубави, успешни времиња заедно. Поминавме низ многу работи во тие 20 години. Ми беше драг и верен пријател“ – истакна Вебер кој со Шумахер соработуваше до 2010 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА